9.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Flickr/2.0
СВЕТ

Туск: Да имаме трпение со Велика Британија

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, смета дека лидерите на ЕУ треба да бидат трпеливи со Велика Британија кога станува збор за нејзината борба за добивање мнозинска поддршка за договорот за излез од блокот.

Туск ова го изјави откако британската премиерка, Тереза Мeј, денеска најави дека повторно ќе бара од ЕУ да го продолжи времето за преговори за брегзит и дека ќе се обиде со лидерот на опозициските лабуристи, Џереми Корбин, да го прекине застојот во кој западна процесoт во британскиот парламент, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

„Дури и ако по денешниот ден, не знаеме што ќе биде конечниот резултат, ајде да бидеме трпеливи“, напиша Туск на неговиот твитер профил.

Британските пратеници ни синоќа не донесоа никаква одлука, поточно, не успеаја да обезбедат мнозинство ниту за еден од четирите предлози за излез од кризата во врска со брегзит.