20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Партијата на Ердоган изгуби во Анкара, опозицијата објави победа и во Истанбул

Партијата на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и главната опозициска Републиканска народна партија објавија утрово победа со тесни резултати на локалните избори во Истанбул. Главниот опозициски кандидат за градоначалник, Екрем Имамоглу, повикувајќи се на податоците од својата партија, изјави дека победил во трката на локалните избори за близу 28.000 гласови.

Неколку минути подоцна покраинскиот лидер на Партијата на правдата и развојот во Истанбул објави дека партискиот кандидат Бинали Јилдирим победил освојувајќи околу 4 000 гласови повеќе од противкандидатот.

Според неофицијалните резултати од изборите, партијата на Ердоган изгуби во Анкара, по 25 години владеење во турската престолнина, а според најавите од опозицијата, можна е победа на опозицијата и во третиот по големина турски град – Измир.

Претходно, турскиот претседател во својата изјава по изборите рече дека е можно губење на изборите во Истанбул, нагласувајќи дека и покрај сè, неговата партија е најсилна партија во земјата, како и дека ако не го добие градоначалничкото место во Истанбул, добил бројни окрузи во градот, кој брои 18 милиони луѓе.