20.8 C
Скопје
12. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
СВЕТ

Жена родила близнаци 26 дена откако претходно родила син

Жена од Бангладеш родила близнаци речиси еден месец откако предвремено го родила својот син, рекла нејзината докторка за Би-би-си. Дваесетгодишната Арифа Султана родила син крајот на февруари, а по 26 дена завршила повторно во болница поради болки во стомакот.

Докторите откриле дека таа е бремена со близнаци во друга матка и направиле царски рез. Близнаците, момче и девојче, родени се здрави и се пуштени од болница по четири дена.

Кога дојде пациентката направивме ултразвук и откривме близнаци. Бевме шокирани. Никогаш не сум видела такво нешто“ рекла докторката Шејла Подар.

Според неа, Султана и нејзиниот сопруг се многу сиромашни и таа никогаш не била на ултразвук пред првото породување.

Лекарите велат дека аномалијата на матката, односно двојна матка не е толку ретка појава, како што мислат луѓето.