11.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Заев се огласи на Фејсбук по тензичниот дуел со Мицкоски

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, вчера се огласи и на Фејсбук по дуелот со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски.

– СЈО е веќе создаден институционален капацитет и нема потреба да го уништуваме. Напротив, како него треба да се водат сите други. Затоа со новиот закон, СЈО, ќе биде оддел во јавното обвинителство со јасни ингеренции. Проблемот за опозицијата е што очигледно сака да го штити криминалот, па не го поддржува овој реформски закон. Одговорете на едноставно прашање: дали сакате Северна Макеоднија да напредува или сакате да ја видите закочена и повторно да не добие датум за преговори, кој го чекаме од 2005 година?, напиша вчера Зоран Заев на социјалната мрежа Фејсбук.

https://www.facebook.com/Press24mk/videos/338230996826159/?t=0

Инаку, на дуелот на „Само Вистина” на Канал5, се одвиваа жестоки дебати за името, Договорот од Преспа, 27. април, казните за настаните во Собрание, економијата, непотизмот и други теми.