23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Рим ќе ја забрани пластика за една употреба во борба против екомафијата

Градоначалникот на Рим денеска изјави дека ќе донесе нова забрана за пластиката за еднократна употреба во градот, потег што ќе биде добредојден од страна на активистите за заштита на животната средина. Но, таа повеќе е загрижена поради локалната мафија отколку загадувањето, пренесува „Локал“.

„Ние работиме на забрана за употреба на пластиката за еднократна употреба во Рим”, изјави денеска Вирџинија Раги од Движењето пет ѕвезди.

Но, изненадувачки, Раги не ги наведе проблемите во животната средина како причина за забраната иако зелените политики се масовно застапени во изборните ветувања на нејзината партија. Наместо тоа, Раги нагласи дека сака да ја „изгладне“ локалната екомафија усктраувајќи им ја „храната” – отпадот и рециклирањето.

„Ќе ја забрзаме забраната бидејќи мора да почнеме да го одземеме ѓубрето од овој криминален систем. Сигурна сум дека граѓаните ќе разберат и ќе бидат со нас”, изјави таа.

Криминалниот систем на кој се осврна Раги е мрежата на организиран криминал насочена кон градските капацитети за обработка на отпадот.

Жителите одамна ги обвинуваат локалните власти за проблемите на Рим со отпадот, стаорците и општа деградација. Но, властите го покажуваат прстот кон организираниот криминал за кој велат дека ги задушува системите за собирање и рециклирање на отпадот во градот и стои зад сомнителни подметнувањз пожари на постројките за рециклирање.

Во декември, пожар уништил голема фабрика за преработка на отпад оставајќи го градот да се бори со обработката на отпадот и рециклирањето во време кога жителите веќе се жалеа дека отпадот се трупа на улиците.

Рим претрпе голем пожар во друга постројка за преработка на отпад во неделата вечерта, што полицијата го истражува како подметнат.

Италијанската агенција за животна средина 2Легамбиенте“ го измисли терминот екомафија за да ги опише секторите на организиран криминал кои се занимаваат со недозволен пренос и отстранување на отпадот и нелегални активности за градење и ископување”.

Стефано Чиафани, претседател на „Легамбиенте“ изјави за локалното радио:

„Нелегалното рециклирање на отпадот и цементот се нивните главни операции со кои генерираа профит од повеќе од 14 милијарди евра во 2018 година. Тоа е империја заснована на незаконитоста која ја поткопува животната средина, здравјето на луѓето и на здравата економија, а им носи многу пари на клановите на екомафијата кои работат низ цела Италија, не само во четирите класични региони што сите ги познаваме”.

Стефано Вињарола, член на М5С и претседател на Комисијата за отпад што се занимава со екомафијата, изјави дека забраната на пластиката за еднократна употреба е фундаментална и дека веќе не можат да го одложуваат спроведувањето на конкретни дејства за намалување на отпадот низ целата земја.