10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пред да влета меѓу пешаците во Кина, напаѓачот ги избол сопругата и ќерката

Четириесет и четиригодишниот маж кој денеска влета помеѓу пешаците во градот Заојанг и усмрти шест лица, пред нападот ги избол сопругата и ќерката, пишува „Саут чајна морнинг пост“.

Како што се наведува, во нападот што се случи околу 6 часот по локално време, во провинцијата Хубеи, во централниот дел од земјата, загина и едно дете.

Меѓу седумте повредени се четири деца, вклучувајќи ја и ќерката на напаѓачот.

Агенцијата „Ројтерс“ потсетува дека во Кина е забележан пораст на на нападите со автомобил во последните неколку години.

Во септември минатата година, најмалку 11 лица беа убиени кога мажот влетал помеѓу пешаците на југот во Кина, одмаздувајќи се на општеството за тоа што бил осуден за кривични дела.

Спонзорирано: