18.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ со остра порака до Сиљановска: Силјановска по налог на Мицкоски брани насилство и не може да биде на страна на народот

Не може некој како Гордана Силјановска која по налог на Христијан Мицкоски го брани насилството, да се стави на страна на народот, реагираат од СДСМ.

-Силјановска е на страната на Мицкоски и Груевски, Силјановска е на страната што брани криминал и насилство, страната што е против ЕУ и НАТО.

Додека лажно се претставува како натпартиски кандидат, Силјановска е заробена во матрицата на Груевски на криминал, насилства и конфликти.

Тоа не е и никогаш нема да биде страната на граѓаните., порачаа од СДСМ.