14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Пресудите за 27-ми април беа нарачани и однапред напишани

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ден по пресудите за настаните од 27-ми април коментира дека владеењето на власта се базира врз политичкиот прогон на сите кои мислат поинаку, а оние кои први го кренале гласот против власта, станале првите жртви на нејзиното владеење.

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека пресудите за 27-ми април биле нарачани и однапред напишани.

„Кацарска судството и Русковска обвинителството се симболи на заевизмот, симбол на неостварените ветувања за правда во Македонија, симболи на политичкиот реваншизам кој не бира средства и начини за вршење тортура врз оние кои мислат поинаку од власта.
Доказ за политичкиот прогон во Македонија се нарачаните и однапред напишани, неосновани драконски пресуди за 27-ми април. Доказ за политичкиот прогон е и преседанот со апсењето на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков кој беше приведен на мафијашки начин со измислена службена белешка, и покрај дадената парична гаранција, само неколку дена пред да биде изречена пресудата за политички монтираниот случај за 27-ми април“, реагира ВМРО-ДПМНЕ откако вчера беа изречени пресудите за обвинетите од настаните во Собранието.

ВМРО-ДПМНЕ додава дека правото и правдата во Македонија мора да се вратат, а тоа ќе почне со победата на Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори.

Спонзорирано: