20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Си ја поткопа ли Силјановска позицијата со релавитизирањето на насилствата од 27-ми април и реши да ги следи партиските постапки?

Иако се очекуваше вчера Гордана Силјановска во изјава да ги осуди насилствата од 27-ми април, таа не го стори тоа.

Во јавноста се добива впечаток дека поради поддршката од Христијан Мицкоски, Силјаноска ја брани линијата на оваа партија, која според она што досега може да се забележи од изјавите на првите луѓе на партјата е целосно посветена на оправдувдање и релативизирање на настаните од крвавиот четврток.

Се уште се свежи потресните сеќавањата за луѓето со качулки, како влегуваат во Собранието, како тепаат пратеници, новинари и вработени. Се уште се свежи сликите од раскрварените глави на тогашните пратеници, меѓу кои и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Според аналитичарите со кои разговаравме, нејасниот став и неосудувањето на овие настани од 27-ми април ги поткопуваат позициите на кандидатката за Претседател.

Од една страна СИлјаноска секојдневно зборува за право и правдина а од друга страна молчи, го релативизира се она што се случи на 27 април.

Откако реагираше јавноста денеска Силјаноска се обиде да избега од темата и да не одговори на прозивките дали имало обид за убиство на 27 април, дали била поткопана демократијата. Дополнително, проблематично за Силјаноска е тоа што ја следи линијата на ВМРО-ДПМНЕ, исто како Иванов.

Граѓаните според многу анкети спроведени во изминатиот период сакаат претседател со интегритет кој ќе има став за клучни прашања, и нема по секоја цена да го следи својот партиски лидер.

Спонзорирано: