14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ вечерва со жестока реакција до Мицкоски: Не Мицкоски, обид за убиство, државен удар, не е патриотизам туку насилство и за тоа се носи одговорност!

Било какви обиди да се оправда насилството на 27 април е недозволиво, реагираат вечерва од владејачката СДСМ на изјавата на Мицкоски.

-Граѓаните гледаат каква омраза излегува од устата на Мицкоски.

Однесувањето на Мицкоски е идентично како неговиот ментор и шеф, Никола Груевски.

Режимската матрица на Груевски живее во Мицкоски. Тоа е истата матрица која 11 години ја тероризираше земјава и нејзините граѓани, спроведуваше линч кон неистомислениците и која впрочем го организираше насилството на 27ми април.

Изјавите на Мицкоски немаат никаква врска со правото, судовите се независни и тие носат одлуки дали некој е виновен или не.

27ми април е најтрагичниот ден од независноста до денеска. За нарачателите и извршителите на тоа насолство одговорност мора да има.

Република Северна Македонија е правна држава а Мицкоски брани насилници и ништо повеќе, се вели во жестоката реакција на СДСМ.

Спонзорирано: