17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Осуденикот Трајковски: Сега моите две деца ќе знаат кој го затвори нивниот татко

Осуденикот на 15 годишна затворска казна за настаните на 27. април, Влатко Трајовски, иронично рече дека ако го пуштат да се брани од слобода веднаш ќе избега и ќе го остави своето семејство, на што доби опомена од судијката, која му порача да внимава што зборува.

„После оваа пресуда сфатив вие како претседател не ме осудивте, ме осуди политиката, поточно политиката. Сега моите двете деца ќе знаат кој го затвори нивниот татко и се надевам дека ќе продолжат онаму каде јас застанав. Ќе живеам за тој ден кога тие што ме обвинија за тероризам ќе седнат на оваа маса, да одговарат за злоупотреба на службена должност против веќе осудените за уништување на нашите животи“,рече Трајковски.

Трајковски заедно со повеќемина, беа осудени на вкупно затворски казни од 211 години. Најмногу заработи Митко Чавков.