23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

И Британците ги засилија безбедносните мерки кај џамиите и црквите

По Франција, и Британија ги засили безбедносните мерки кај верските објекти. Британската антитерористичка полиција е подготвена да им помогне на своите колеги на Нов Зеланд во истрагата за нападите во две џамии во земјата кога беа убиени 49 лица, изјави командирот на британската анетитерористичка единица.

„Нашата мрежа на антитерористички полицајци ќе биде подготвена да ги поддржи нашите колеги на Нов Зеланд во истрагата за овој страшен напад“, изјави Ник Бас.

Тој додаде дека распоредено е засилено присуство на патролите во близина на џамиите во Велика Британија и дека на сите верски заедници издадени им се препораки како да се заштитат себе си и објектите.