33.8 C
Скопје
16. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ со жестока реакција по скандалозниот потег на Иванов

Иванов го завршува мандатот онака како што го тераше во изминатите десет години. На штета на граѓаните, на реформите, против напредокот, рече Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ одговарајќи на новинарско прашање околу потегот на Ѓорге Иванов да ги врати законите со новото уставно име назад во Собранието.

– Реформските закони се исклучително важни за граѓаните за Република Северна Македонија меѓутоа и за самата држава. Иванов делува спротивно од интересот на гаѓаните, меѓутоа нема да го стопира напредокот и реформите во нашата држава. Согласно Деловникот одговорен за процедурите во Собранието на Република Северна Македонија е Претседателот на Собранието и тој согласно тоа ќе постапи и ќе ги преземе надлежностите кои му се дадени со Закон, рече Шахпаска.

На прашањето дали СДСМ како пратеничка група размислувааат да покренат постапка за импичмент, Шахпаска одговори:

– Знаете како, веќе распишани се претседателските избори има и кандидати претседателски, почнува од следниот месец од 1ви април изборната кампања, мандатот на Иванов е завршен. Граѓаните нема да дозволат да им се повтори нов Иванов, ќе изберат Претседател којшто вистински ќе се грижи за граѓаните, за напредокот, реформите на земјата и којшто ќе не води напред кон ЕУ и НАТО.