17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Истражна постапка за дилер на дрога од скопско АрачиновоИстражна постапка за дилер на дрога од скопско Арачиново

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување на истражна постапка против жител на скопско Арачиново, поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

При извршен претрес во просториите на домот во кој живеел осомничениот и во подрумските простории пронајдени се вкупно 128,63 грама кокаин. Дрогата била подготвена за продажба во црна торба и поделена по полиетиленски кеси. Кај осомничениот при претресот од страна на службени лица е пронајдена и дигитална вага, како и поголем износ на парични средства.

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ценеше дека се исполнети законските основи, па до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.

Спонзорирано: