9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото архива/илустрација
МАКЕДОНИЈА

Мистериозна сообраќајка близу Скопје: Непознато возило се судрило со опел кој потоа удрил во бетонска ограда – едно лице итно префрлено во болница

На 10.03.2019 околу 10.40 часот на регионалниот пат Скопје – ХЕЦ „Козјак“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(70) од Скопје и непознато возило управувано од непознато лице, кое по незгодата го напуштило местото на настанот.

По судирот, возилото „Опел корса“ удрило во бетонска ограда и притоа со тешки телесни повреди се здобила Д.Ј., која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде и била укажана лекарска помош. Извршен бил увид на местото и се работи на расчистување на случајот.

Спонзорирано: