17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Голема полициска акција во Тетово – полицијата влегла во познати локали

Ноќта на 09/ 10.03.2019 полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово спровеле акциска контрола во 11 угостителски објекти (ТЕ-6 и ГВ-5), лоцирани во централните подрачја на Тетово и Гостивар, за откривање на угостителите кои овозможуваат престој на малолетници по 24 часот и послужување со алкохолни пијалоци.

Притоа, во објект на улица „Илинденска“ биле затекнати три женски малолетни лица кои конзумирале алкохол, додека во три гостиварски објекти на улица „Живко Брајковски“ и „Беличица“ биле затекнати 14 малолетници кои престојувале по 24 часот, а четири од нив конзумирале и алкохол.

По целосно документирање на случаите, против сопствениците на угостителските објекти ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.