8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кина ќе приземји речиси 100 авиони „боинг 737“

Кинеската администрација за цивилно воздухопловство соопшти дека ќе приземји речиси 100 авиони од типот „боинг 737 макс 8“, по вчерашниот пад на авион од тој тип во Етиопија.

Боингот 737 кој полетал од Адис Абеба за Најроби, се урна со 157 патници и членови на екипажот, шест минути по полетувањето. Во несреќата немаше преживеани.

Приземјените авиони „боинг 737“ во Кина сочинуваат повеќе од една четвртина од вкупната флота.

И „Етиопијан ерлајнс“ исто така ги приземји своите авиони „боинг 737“ за дополнителни безбедносни мерки на претпазливост.

Ниту една друга авиокомпанија досега не објави дека ќе ги стопира летовите за своите „боинг 737“ авиони.

До крајот на јануари, „боинг“ на купувачите им испорачал 350 авиони од овој тип.

Ова е втор пад на „боинг 737“ за неколку месеци – во октомври минатата година индонезиски авион од истиот модел падна 13 минути по полетувањето од аеродромот во Џакарта.

Тогаш загинаа 189 патници и членови на екипажот.