12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Црвена потерница за агентите на Пјонгјанг, судот ја ослободи осомничената за убиство на полубратот на Ким Џонг-ун

Судот во Малезија ги отфрли обвиненијата против Индонезијката Сити Ајсија (26), која беше обвинета за убиство на полубратот на севернокорејскиот лидер во 2017 година.

Сити Ајсија беше обвинета дека заедно со Виетнамката Доан Ти Хуонг (30) го отрула Ким Џонг-нам, полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, користејќи го забранетиот хемиски агенс „ве-икс“ на аеродромот во Куала Лумпур во февруари 2017 година.

Адвокатите побараа да се прекине судењето во случајот против Хуонг за да побараат да се отфрли обвинението против неа. Адвокатите на одбраната тврдат дека двете жени се изманипулирани од агентите на Северна Кореја кои го организирале убиството.

Интерпол издаде црвена потерница за четири државјани на Северна Кореја, кои биле идентификувани како осомничени во истрагата на малезиската полиција и кои ја напуштиле земјата неколку часа по убиството.

На судењето беше прикажана снимка од безбедносните камери која покажува како две жени, наводно, го напаѓаатКим Џонг-Нам, кој се подготвувал да се качи во авионот на аеродромот во Куала Лумпур.

Сити Ајша, која работеше како масер во хотел во Куала Лумпур и Хуонг, која се опиша како актерка, постојано тврдеа дека мислеле дека учествуваат во некоја телевизиска ријалити програма.

Спонзорирано: