8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Бугарија секој месец исчезнува по едно село

Бугарија, која важи за најсиромашна земја во Европската Унија, по падот на комунистичкиот режим во 1989 година, имала околу 9 милиони жители, а 28 години подоцна има околу седум милиони. Според експертите, главна причина за тоа е падот на наталитетот и економската миграција.

Според податоците на Заводот за статистика на Бугарија, земјата во периодот од 1989 до 2017 година изгубила речиси два милиона жители.

Како што е соопштено, минатата година во Бугарија се родени 60.000 бебиња, а починале 110.000 луѓе, пренесува агенцијата „Анадолија“.

Според бугарската потпретседателка Илијана Јотова, во земјата во која во рамките на ЕУ се бележи највисоката стапка на морталитет, секој месец од картата исчезнува по едно село.

Ова е поради фактот што голем број млади луѓе ја напуштиле својата татковина поради подобри услови за живеење и прибежиште нашле во некоја од другите земји членки на ЕУ.

Доколку во Бугарија и натаму продолжи лошата економска ситуација, а следствено на тоа и миграцијата на населението, се претпоставува дека бројот на жители во оваа земја би можел да се намали на 5,2 милиони до 2050 година.