14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мицкоски: Спасовски јавно да каже кои се службите што прават Пендаровски да се чувствува небезбеден

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, оствари средба со членовите и симпатизерите од Општинскиот комитет во Велес.

Од партијата информираат дека Мицкоски на средбата со граѓаните посебен акцент ставил на, како што рекол, криминалите и корупцијата што ги прават актуелното раководство на СДСМ и Зоран Заев нарекувајќи ги кадри од минатото кои се поврзани со транзицијата користејќи ги истите трикови и ниски страсти, без да им понудат нешто ново на граѓаните.

Тој воедно побарал одговор од страна на министерот за внатрешни работи и вицепремиер во Владата, Оливер Спасовски, да каже која тајна служба го следела Стево Пендаровски и со која политичка партија соработувала.

„Го слушаме вчера на емисија се пењави, се препелка човекот, не е во својата кожа, вели, ме следеле странски служби блиски до најголемата опозициска партија. Човекот се чувствувал небезбеден. Еве, овде од Велес, да го прашам Оливер Спасовски, вицепремиерот и несуден кандидат за претседател поддржан од СДСМ, не знае човек дали тоа е добра или лоша карактеристика во овој момент. Но, во овој момент тој е вицепремиер во Владата и министер за внатрешни работи, па нека каже дали Стево Пендаровски е безбеден или не е безбеден. Еве, нека одговори, да видиме дали тој е безбеден или не е безбеден. Ако е безбеден, да го демантира, а ако е небезбеден, да каже кој го следи Стево Пендаровски, која е таа тајна служба и со која опозициска партија таа тајна служба е блиска“, истакнал Мицкоски пред симпатизерите во Велес.

Спонзорирано: