13.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Сугарески и Китанов извршија увид во реконструкција на булевар Туристичка во Охрид: На терен интензивно се работи, до крај на март започуваме со реконструкција на 40 патни правци.

До крајот на месец март ќе започнеме со реконструкција на четириесетина патни правци низ државата со што започнуваме со градежната офанзива во изградба и реконструкција на целокупната патна инфраструктура во државата, истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески при постетата на општина Охрид и извршениот увид во реконструкција на булеварот Туристичка.

Тој понецира оваа година ќе се инвестираат преку една милијарда евра во изградба и реконструкција на патната мрежа.
“Како што најавивме со директорот, со започнување на градежната сезона продолжуваме со силно темпо со реконструкција и изградба на патната мрежа во Република Северна Македонија. Градиме два автопати, четити експресни патишта и рехабилитираме преку дваесетина поголеми регионални патни правци. Охрид и охридскиот регион е многу важен за сите нас, како за стумулирање на економскиот и туристичкиот развој на градот така и на подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните. Затоа со ЈП за државни патишта започнавме реализација на проекти во вредност од преку 10 милиони евра во подобрување на патната инфраструктура. Денеска сме тука да извршиме увид во реконструкција на овој транзитен дел низ Охрид. Покрај овој регионален пат, интензивно се работи и на асфалтирање на стариот пат кон Струга. Веќе од следната недела, ќе започне интензиво и на реконструкција на патот до Радожда. Она што е важно е да обезбедиме брза кокеција со граничните премини, за тоа цел ќе се реконструираат и патните правци према Ќафасан и према Свети Наум, за што претходоно треба да се направат проекти”, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов, истакна дека претстои силна градежна сезона во која ќе се работи на преку 800 километри патна мрежа во државата.

“Дваесеттина години не се реконструирало овде. Оваа реконструкција на булевар Туристичка очекувам да заврши до месец Мај за да ја запазиме туристичката сезона. Сакам да најавам дека до крај на овој месец ќе отпочнеме со рехабилитација на околу читириесетина патишта, а до крај на следниот месец со рехабилитација на уште петнесетина патни правци. Тоа значи дека годинава ќе реконструираме преку 800 километри патна мрежа. Исто така очекувам оваа година да се изработи и проект за реконструкција на патниот правец Охрид-Свети Наум и следната година за започнеме со негова реконструкција”, изјави Зоран Китанов, директор на ЈП за државни патишта.

За вршителот на должност градоначалник на општина Охрид, Константин Георгиески, оваа инвестиција е од особено значење бидејќи ќе се подобри безбедноста во сообраќаајот и ќе се подобри туристичката понуда на Охрид. Тој истакна дека со министерот Сугарски и со директорот Китанов разговарале и за реконструкција на влезот на Охрид.

Спонзорирано: