8.8 C
Скопје
19. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Проект за зајакнување на иновативен туризам

На 04-05 Март 2019, во Хотел Скардус – Попова Шапка, Тетово “СТЕП – проект за зајакнување на иновативен туризам” одржа дводневна работилница за создавање на заеднички пакети туристички пакети, во од регионите Полог и Елбасан.

На работилницата присуствуваа повеќе од 50 субјекти што се занимаваат со туристички дејности и други ентитети што се занимаваат со туризам, во полошкиот регион и регионот на Елбасан и работеа практично на создавање на овие туристички пакети кои подоцна ќе бидат презентирани на дигиталната платформа Itopa.

Четири одделни групи со тема – авантура, еко / рурал, историја / култура и гастрономија, ги составија основите на неколкудневните заеднички пакети од двете страни на границата, кои ќе служат како основа на другите подпакети што може да се користи од страна на туристички агенци или други профилирани субјекти за обезбедување на вакви пакети.

Инаку, проектот го спроведува Фондацијата Метаморфозис со партнерите, Центарот за развој на Полошкиот плански регион и Советот на Округот Елбасан, и е финансиран од страна на Европската унија

Спонзорирано: