14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МВР со детали за трагедија во Охрид – познат идентитетот на починатото лице

На 05.03.2019 година во 13.30 часот на крстосница од улиците „7-Ноември“ и „Бекир Алириза“ во Охрид мопед „Томос Спринтер“ без регистарски ознаки, управуван од Т.Ш.(71) од село Велгошти, охридско, излетал од патот и удрил во бандера.

Со возило на Итна медицинска помош Т.Ш. бил пренесен во Општата болница-Охрид каде од здобиените повреди починал. Увид на местото на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Охрид. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

Спонзорирано: