4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација / Pixabay
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Трагедија: Камион прегази жена, починала во болница

Вчера во 09.45 часот во село Петровец, скопско, товарно возило „Ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ.(42) од село Катланово, скопско, удрило во пешакот Р.К.(72) од село Петровец.

Од ударот Р.К. се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесенa во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Околу 12.30 часот таа им подлегнала на повредите.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.