8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
БИЗНИС

Трамп: Вашингтон ќе го прекине бесцаринскиот статус на Индија и на Турција

САД ќе го прекинат бесцаринскиот статус на Индија откако земјата не успеа да им обезбеди пристап на САД до своите пазари, изјави американскиот претседател, Доналд Трамп, во писмото до Конгресот, пренесува „Спутник“.

„Ве известувам за мојата намера да го прекинам обележувањето на Индија како ‘земја во развој‘, според Програмата за генерализиран систем на преференции (ГСП)”, рече Трамп во понеделникот.

„Го преземам овој чекор бидејќи по интензивниот ангажман меѓу САД и владата на Индија, Индија не ги увери САД дека ќе им обезбеди правичен и разумен пристап до пазарите во Индија”.

ГСП им овозможува на одредени производи од 120 земји во развој и територии да влезат во САД без царина.

Индија ги одржува високите тарифи за американските стоки, како што се цвеќето, природната гума, автомобилите, мотоциклите, алкохолните пијалаци и текстилот.

Администрацијата на Трамп, исто така, го прекина бесцаринскиот статус на Турција врз основа на зголеменото ниво на економски развој, рече Трамп во одделно писмо до Конгресот.