18.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Втор пациент е можеби излечен од ХИВ

Британец е вториот човек во светот дијагностициран со најчестиот тип на вирус на хумана имунодефициенција (ХИВ) кој е можеби излечен од инфекцијата по трансплантацијата на матични клетки, пренесува Си-ен-ен цитирајќи една студија.

Таканаречениот „Лондонски пациент“ ја примил трансплантацијата од донатор со ретка генетска мутација што го прави отпорен на вирусот – ист тип донатор кој му помогна на првиот „Берлински пациент”, Тимоти Реј Браун , да премине во ремисија пред 10 години.

„Лондонскиот пациент”, кој претпочита да остане анонимен, живее без антиретровирусната терапија веќе 18 месеци, не покажувајќи никакви знаци на вирусот во неговото тело.

„Постигнувајќи ремисија кај втор пациент со користење сличен пристап, покажавме дека ‘Берлинскиот пациент’ не беше аномалија и дека навистина е третмански пристап кој го елиминираше ХИВ кај овие две лица”, вели главниот истражувач на случајот, Равиндра Гупта.

Гупта додаде дека иако технологијата за трансплантација на матични клетки не е универзален третман за секого, таа може да придонесе за развој на други методи кои ќе помогнат да се елиминира вирусот на ХИВ од телата на луѓето.

Околу 37 милиони луѓе во светот живеат со ХИВ кој потенцијално може да се развие во синдром на стекнат имунодефицитен ризик (СИДА). Луѓето кај кои е дијагностициран ХИВ треба доживотно да земаат антиретровирусни лекови за да го потиснат вирусот.

Студијата денеска треба да биде објавена во списанието „Нејчр“.