13.8 C
Скопје
12. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Папата ќе ги отвори тајните архиви на Ватикан од Втората светска војна

Папата Франциско одлучи да ги отвори тајните архиви на Ватикан кои се однесуваат на периодот од Втората светска војна кога врховeн поглавар бил Пије XII, нешто кое Евреите со децении го барале од поглаварите на Римокатоличката црква.

Агенцијата наведува дека некои Евреи го обвинуваат Пије XII, кој бил папа од 1939 до 1958 година, дека не ги користел сите можни начини за да му се спротивстави на холокаустот.

Сепак, Ватикан тврди дека папата Пије XII работел тајно, зад отворената јавна сцена, за да ги спаси Евреите.

„Архивите ќе бидат отворени на 2 март 2020 година“, рече папата Франциско.