17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Конгрес на СДСМ за потврда на кандидатурата на Стево Пендаровски

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска ќе го одржи 23. Конгрес на кој ќе биде потврдена кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на државата на претстојните избори.

Како што е предвидено, на отворањето на Конгресот обраќање ќе има премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, додека работниот дел ќе биде затворен за јавноста. На крајот на конгресот, кој повторно ќе биде отворен, ќе се обрати избраниот кандидат за претседател.

Стево Пендаровски доби поддршка да биде заеднички претседателски кандидат на 31-на политичка партија од коалицијата предводена од СДСМ, владината коалиција и сите поддржувачи на концептот за заеднички кандидат за претседател на државата.

Денеска ќе се одржи и седница на Централниот совет на ДУИ во Мала Речица, на која ќе се разговара за претседателските избори, конгресот на младината на ДУИ, конгресот на форумот на жените на ДУИ, како и за процесот на рирегистрација на членството.

Спонзорирано: