17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТ

Американските полицајци кои убија човек нема да бидат судени

Полицајците кои застрелаа и убија 22-годишeн Афроамериканец во дворот на неговата баба, нема да бидат осудени од обвинителството на Сакраменто, објави „Гардијан“.

Според окружниот обвинител, Ен Мари Шуберт, полицајците оправдано употребиле смртоносна сила и не извршиле кривично дело.

Двајцата офицери го застрелаа Стивен осум пати, во дворот на неговата баба на 18 март 2018 година, мислејќи дека во раката држи оружје, а тој го имал својот мобилен телефон. Тие пристигнсл на местото, по повик на човек дека некој ги крши прозорците на автомобилите.

Шуберт истражувала повеќе од 30 полициски престрелки од јануари 2015 година и никогаш не поднела обвинение, според весникот “Сакраменто пчела”.

Кларк беше сопруг и татко на две малолетни деца.

Неговот убиство предизвика протести и ја засили националната дебата за полициската употреба на сила.