8.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

Демонстрантите во Црна Гора му порачаа на Ѓуканоивиќ за 15 дена да поднесе оставка

Повеќе илјади граѓани на Црна Гора се собраа синоќа на централниот плоштад во Подгорица, барајќи оставка од претседателот Мило Ѓукановиќ, премиерот Душко Марковиќ, како и од лидерот на обвинителството и директорот на Радио Телевизија Црна Гора.

„Ако не го сторат тоа, на 16 март ќе се собереме повторно и нема да си заминеме додека не поднесат оставки“ порача Милош Кривокапиќ, еденб од лидерите на протестите.

Демонстрантите им дадоа рок од 15 дена на лидерите да поднесат оставки од функциите и ги повикаа опозициските партии да го напуштат Собранието, се додека не бидат исполнети нивните барања.

За време на протестите, во кои демонстрантите ги поминаа државните институции, граѓаните носеа транспаренти со слоганот „Татковината се брани со протести“, „Ние сме здраво ткиво“, „Ќе ни недостигаш Мило“ и „Стани и победи“.

Спонзорирано: