10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Пендаровски: Ми дадовте голема политичка одговорност, која заедно со вас ќе ја оправдам во целост

Стево Пендаровски е заедничкиот претседателски кандидат поддржан од триесетина партии предводени од СДСМ и владината коалиција. Натпартискиот кандидат Пендаровски поддршката ја доби синоќа на средбата со партиите од коалицијата предводена од СДСМ и владината коалиција и сите поддржувачи на концептот за заеднички кандидат за претседател на државата.

По донесувањето на ова одлука, Пендаровски се огласи на Фејсбук:

„Исклучителна е честа да бидеш поддржан од претставници на сите етнички заедници, од 31 политичка партија, но, и од многу граѓани кои воопшто не се членови на политички партии.
Посебна благодарност сакам да изразам до политичката коалиција, предводена од СДСМ и лично до премиерот Заев, кои направија политички потег без преседан, по пет години да ми дадат шанса повторно да влезам во трката за претседател, откако во 2014-та, сите ние, бевме предмет на брутален изборен инжинеринг.
Почитувани граѓани, од вчера, ми дадовте голема политичка одговорност, која во месеците и годините што идат, имам намера, заедно со сите вас, да ја оправдам во целост, во интерес на подобриот и посреќен живот за сите во нашата земја“, напиша Пендаровски на Фејсбук.

Одлуката за да биде конечна треба да биде верификувана од органите на одлучување на секоја од партиите и СДСМ тоа треба да го сторат на закажаниот за утре партиски конгрес во Скопје.

https://www.facebook.com/stevo.pendarovski/posts/244111113201132