5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Конго исчезнаа четворица пациенти заразени со ебола

Министерството за здравство во Конго објави дека четворица пациенти кај кои била потврдена ебола исчезнале по вчерашниот напад врз медицински центар во источниот град Бутембо.

Ова е втор напад врз центар за третман на ебола во текот на неделата, објави агенцијата АП.

Напаѓачите во неделата нападнале и друг центар во Катва, при што едно лице го загубило животот, а друго е рането.

Министерството синоќа објави дека во таа ситуација побегнале 32 од 38 пациенти за кои постоеле сомненија дека имаат ебола.

Оние кои биле пронајдени, вклучувајќи и осум лица за кои е потврдено дека имаат ебола, привремено се префрлени во друг медицински центар.

Приоритет на Министерството сега се новите четворица побегнати за кои се тврди дека се многу заразни.

Спонзорирано: