9.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

По желба на Шилегов, претпријатието за грижа на животните ќе се вика Лајка

Град Скопје донесе одлука за формирање јавно претпријатие за хуман третман на животните скитници, а по желба на градоначалникот Петре Шилегов, претпријатието ќе го носи името Лајка. Новото претпријатие Шилегов го најави минатиот месец и тогаш откри дека негова лична желба е да се вика Лајка оти тоа било куче што го има сменето човештвото и е од улиците на Москва.

Новото јавно претпријатие ќе се формира од постојните служби што досега функционираа во рамките на јавното претпријатие „Комунална хигиена“, а тоа ќе ги преземе сите активности, каде што спаѓаат заловување на животните скитници, нивниот транспорт до стационар, прием и преглед од овластен ветеринар, лабораториско испитување на животните на одредени болести, стерилизација, постоперативно сместување, лекување и нега, ветеринарна грижа, идентификација и регистрација, вакцинација и дехелментација, враќање на местото на заловување или преземање процедури за удомување од заинтересирани граѓани.

Од Град Скопје велат дека формирањето ново јавно претпријатие, кое ќе се занимава исклучиво со оваа проблематика, е потребно од повеќе причини, пред сè, поради недостатоците на досегашниот систем на работа со бездомните животни, што резултира со зголемено присуство на кучињата скитници на јавните градски површини и притоа претставуваат реална опасност за безбедноста на граѓаните.

Во текот на 2018 година против Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ поднесени се над 200 тужби за надомест на штета поради напад и гризнување од бездомни кучиња.

„Новиот систем ќе овозможи Град Скопје стратешки да се справи со проблемот на животните скитници од скопските улици преку воспоставување поефикасна контрола над популацијата на бездомните кучиња на подрачјето на град Скопје. Токму затоа во креирањето на организацијата на претпријатието и неговите органи ќе биде вклучен и невладиниот сектор со искуство во сферата на заштитата на животните, со цел бројот на кучињата скитници да биде сведен на минимум и тоа на начин што ќе обезбеди нивна благосостојба, но истовремено да гарантира безбедно и непречено движење на граѓаните на јавните градски површини“, соопштија од Град Скопје.

Спонзорирано: