9.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пакистанскиот премиер: Утре ќе го ослободиме индискиот пилот

Премиерот на Пакистан, Имран Кан, објави дека утре ќе ѝ го вратат на Индија пилотот што вчера го заробија во Пакистан кога му беше соборен авионот, пренесе Би-би-си.

Претходно беше објавено дека Пакситан е подготвен да го врати индискиот пилот од урнатиот авион и фатен оваа недела ако тоа ја ублажи кризата со соседот, рекол министерот за надворешни работи, Шах Махмуд Куреши, за пакистанската телевизија „Гео“.

„Сакаме да го вратиме заробениот индиски пилот ако тоа доведе до помирување“, рекол тој.

Исто така, рекол дека се очекува саудискиот министер за надворешни работи да дојде во Пакистан со посебна порака за престолонаследникот Мохамед бин Салман, кој ги посети и Пакистан и Индија овој месец.

Пакистанската војска вчера соопшти дека соборила два индиски авиона во воздушниот простор на својата земја како одговор на воздушниот напад на индиското воено воздухопловство внатре во Пакистан, прв пат од војната во 1971 година.

Спонзорирано: