16.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривична пријава за тројца кумановци поради лихварство

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против четворица кумановци – Д.А. (42), А.М. (36) и А.Л.(62) поради сомнение за лихварство, казниво по член 260, став 1 и став 2 од Кривичниот законик.

Во ноември 2014 година М.А. од А.М. побарал на заем 1.500 евра, но А.М. го условил да му плаќа месечна камата во висина од 10 отсто од дадениот износ на заем или 150 евра месечно на име камата, а главниот долг останувал за што склучиле устен договор. Од ноември 2014 до јули 2018 година М.А. на А.М. редовно му исплаќал по 150 евра или за 43 месеци му исплатил вкупно 6.500 евра, односно второпријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 5.000 евра.

Бидејќи земените пари не му стигнале за плаќање на сопственото лекување и за издржување на семејството, М.А. на 5.12.2014 година и од Д.А побарал заем од 2.500 евра. Но, и тој му побарал побарал месечна камата од 10 отсто од вкупната сума или 250 евра месечно, а главниот долг останувал. Тие склучиле договор кај нотар и навеле дека, доколку оштетениот М.А не му го врати долгот до предвидениот датум, 1.2.2015 година, Д.А. да може да спроведе извршна постапка врз целиот движен и недвижен имот на оштетениот. Од декември 2014 до јули 2018 година оштетениот на Д.А. му исплатил вкупно 10.750 евра на име на месечна камата, со што Д.А. стекнал противправна имотна корист од 8.250 евра.

Исто така, М.А., за да може да ги плаќа каматите на двајцата кумановци од кои ги зел парите, тој повторно на 22.8.2016 побарал заем во износ од 140.000 денари од А.Л. Но, и тој го условил да му плаќа меечна камата од 10 отсто од земениот износ или 14.000 денари месечно и за заемот да склучат договор за заем пред нотар. Тие склучиле договор и од септември 2016 година до јули 2018 година М.А. континуирано му плаќал месечен износ на А.Л. од 14.000 денари или вкупно 308.000 денари, со што тој стекнал противправна имотна корист од 168.000 денари. Пријавените го оштетиле М.А. за вкупна сума од 13.250 евра и 168.000 денари.