16.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

МВР ќе издава потврди со нов печат и новото име на државата

До целосната промена на сите документи Министерството за внатрешни работи ќе им издава потврди за документите на граѓаните што порано се издадени од Министерството, а кои не го содржат новото име на државата.

Со овие потврди, како што се наведува, се валидизира важноста на документите што се презентираат во странство. Потврдите се со нов печат и новото име на државата.
Потврдите се издаваат во одделот за граѓански работи на македонски државјани и на лица што уживаат меѓународна заштита во земјата, а во одделот за гранични работи и миграции за странци, кои по кој било основ престојуваат во државата.

Оваа постапка следува по конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите на Советот на безбедност на Обединетите нации, а која се однесува за престанок на важење на референцата ФИРОМ, како и уставните измени за новото име на државата.