16.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Жител на Муртино тешко повреден откако паднал од трактор по непријатен судир

Од комплексот клиники „Мајка Тереза“ во вечерните часови на 26 февруари во полиција било пријавено дека кај нив со тешки повреди е донесен 23-годишен жител на струмичкото село Муртино.

Според пријавата, истиот ден околу 15.00 часот, 23-годишникот управувајќи трактор во атарот на селото, удрил во земјен брег и паднал.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.