9.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кардиналот Џорџ Пел останува во затвор, судот ја одби кауцијата

По секоја од петте точки за кои е прогласен за виновен, австралискиот кардинал Џорџ Пел би можел да добие до максимални 10 години затвор, објави судот.

Кардиналот, кој по едномесечно судење во декември 2018 година, е прогласен за виновен за сексуални злоупотрби на две малолетни момчиња. Тој ќе остане во затвор, откако судот му ја отфрли кауцијата.

Третиот човек на Ватикан е осуден за сексуална злоупотреба, за што тој тврди дека е невин, а неговиот адвокат поднесе жалба на пресудата. Изрекувањето на должината на казната се очекува на 13 март.

Поротата уште во декември едногласно го прогласи за виновен по пет точки за сексуална злоупотреба на деца помлади од 16 години. Самата пресуда и детаљите на целиот случај остануваат тајна се до следниот вторник поради правни причини.

По секоја од петте точки за кои е прогласен виновен, Пел би можел да добие до максимални 10 години затвор.

Спонзорирано: