20.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

СДСМ со супер вест: Мерка што драматично ќе ја намали невработеноста

Владата останува посветена на спроведување на мерките што обезбедуваат нови работни места, повисоки плати и намалена невработеност, велат од СДСМ.

„За таа цел, обезбедени се рекордни 1,1 милијарда денари за имплементација на оперативниот план за вработување за 2019 година, средства со кои ќе поддржи отворање нови работни места, раст на платите, поддршка за вработување лица со попреченост, обуки за побарувани занимања и занаети и за дигитални вештини“, истакнуваат од владејачката партија и додаваат дека минатата година преку мерките од оперативниот план за вработување за 2018 се вработија 3.934 граѓани.

Од таму сметаат дека придвижувањето на економијата, напредокот во интеграциите, зголемената поддршка за малите и средните претпријатија поставуваат добра основа, стапката на невработеност дополнително да се намали и да биде под 20 отсто до крајот на годината.