20.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Donald Trump/Offical fan page
СВЕТ

Трамп и Ким ќе го почнат самитот со вечера

Американскиот претседател, Доналд Трамп, и севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, денеска, во Ханој, ќе го почнат самитот со куси разговори за време на вечерата, пренесе Би-би-си.

Нивната прва средба ќе биде 20-минутен состанок еден на еден во 18.40 часот по локално време по што ќе следува вечера со нивните соработници, соопшти Белата куќа. Двајцата лидери утре ќе имаат серија состаноци, но точната агенда не е позната. Но, како што се очекува, потпишувањето некој договор или дополнителна прес-конференција би се случило утре.

Се очекува да разговараат за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров. Трамп, како што е најавено, покрај состанокот со Ким, ќе има средба и со виетнамскиот премиер и со други политичари. Потоа двајцата е предвидено да вечераат во хотелот со пет ѕвездички „Метропол“ во Ханој.

Трамп на „Твитер“ ја пофали земјата домаќин за нејзиниот напредок.

„Виетнам напредува како неколку места на земјата. Северна Кореја ќе биде иста, и тоа многу бргу ако го уништи нуклеарното оружје“, напиша Трамп.

Трамп синоќа пристигна во Ханој, неколку часа по пристигнувањето на севернокорејскиот колега.