20.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Македонскиот пријател Филип Рикер ќе го наследи Вес Мичел, како ново решение на Трамп за Балканот

Дипломатот и познавач на Балканот, Филип Рикер треба да го наследат Вес Мичел, помошникот државен секретар задолжен за Југоисточна Европа. Рикер меѓу другото, ќе биде вклучен во развојот на односите меѓу Србија и Косово.

Рикер одамна е познат на Балканот, откако во периодот 2008-2011 беше американски амбасадор во земјава, а од 2011 година до 2013 година беше заменик-помошник државен секретар за Европа и Евроазија. Беше вклучен во преговорите меѓу Атина и Скопје околу името.

За Рикер се тврди дека е познавач на состојбите во регионот и за некој кој успешно ги завршува сите работи.

Рикер исто така важи за голем пријател и поддржувач на Македонија, особено може да се издвои неговата постојана поддршка за демократизација на земјава.