24.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Венецуелскиот шеф на дипломатијата: Камионите за помош носат клинци и жица за барикади

Во своето обраќање пред Советот за безбедност на ОН венецуелскиот министер за надворешни работи, Хорхе Ареаца, изјави дека камионите што наводно носат хуманитарна помош за Венецуела биле натоварени и со клинци и жица покажувајќи фотографии од запленетиот товар, пренесува РТ.

Операцијата поддржана од опозицијата и од САД за носење камиони со хуманитарна помош преку границата на Колумбија и Венецуела доведе до насилни судири во кои беа повредени многу полицајци, а неколку камиони беа запалени.

Отфрлајќи ја неуспешната испорака како добро оркестрирана операција за нарушување на територијата на Венецуела, Ареаца ги презентира доказите за обидите на САД да подметнат тројански коњ, насочени кон поттикнување државен удар.

Ареаца рече дека Каракас има и видеодокази достапни за сите оние што се заинтересирани. Поздравувајќи ја реакцијата на Венецуела и на полицијата во обидот за шверцување на помошта, тој рече дека ова е најновото поглавје од неуспешниот државен удар.

Ареаца рече дека Каракас е подготвен да седне на маса со секој претставник што ќе го испрати опозицијата вклучувајќи го и самопрогласениот привремен претседател, Хуан Гваидо, кој е поддржан од САД.