22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Алжирец искористил грчка лична карта за идентификација на „Табановце“

На Граничниот премин „Табановце“, при пасошка контрола во вечерните часови на 26 февруари било констатирано дека 29-годишен Алжирeц употребил туѓ документ за лична идентификација.

Како што информираат од МВР, тој на увид дал грчка лична карта на име на 22-годишен Грк, а при проверка од страна на службениците било констатирано дека истата не му припаѓа нему.

Алжирецот бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Спонзорирано: