19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пожар на главната железничка станица во Каиро – загинаа најмалку 10 луѓе

Најмалку 10 лица гo загубија животот, а 22 се повредени во пожар на главната железничка станица во Каиро, пренесуваат светските медиуми.

Причина за пожарот била експлозија на резервоарот за гориво на воз што се движел кон станицата од центарот на Каиро.

Директорот на градската болница, Мохамед Саид, рече дека очекува бројот на жртви да биде поголем.

Густ облак од црн чад ја покрил областа околу железничката станица.

Спонзорирано: