24.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МВР покажа дека и полицајците кои кршат закони се казнуваат: Фатени се десетина полицајци кои со флешери и легитимации избегнувале да платат патарина

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во содејство со сообраќајната полиција и Државниот инспекторат за транспорт на ден 22.02.2019 година во периодот од 15.00 до 18.00 часот на дел од наплатните станици во Република Северна Македонија изврши контрола на возачи кои злоупотребуваат службени легитимации и т.н. флешери со цел одбегнување плаќање на надоместок за патарина.

Од извршената контрола констатирано е дека 31 возачи постапиле спротивно на Законот, од кои деветмина возачи се вработени во МВР, 22 возачи на возила се граѓански лица кои одбегнале плаќање на патарина, за што од страна на Државниот инпекторат за транспорт им се изречени глоби во висина од 200 евра.

Против полициските службеници кои ги злоупотребиле службените легитимации ќе биде поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.

Спонзорирано: