17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Мицкоски да им се извини на граѓаните за лагите, насилничките сценарија се единствени негови политики, бара СДСМ (видео)

– Насилничките сценарија, создавањето тензии и пласирањето лаги се единствените политики на антинародниот Христијан Мицкоски и неговиот шеф, Никола Груевски, реагираат од СДСМ.

– Мицкоски треба да излезе пред јавноста и да им се извини на граѓаните за лагите што ги ширеше вчера и за провидниот театар пред болницата 8-ми септември, порача Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

– Особено откако самиот Мицкоски се демантираше себе си. Прво рече дека никој од болницата не дошол да им соопшти за состојбата а по само неколку секунди признава дека тоа не е точно, вели портпаролот на СДСМ додавајќи дека порталите и медиумите блиски до Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, што вчера ширеа лажни вести и драматични шпекулации, треба да им се извинат на граѓаните за пласираните невистини и да ги повлечат спорните објави.

Тоа им го должат на граѓаните. Објективното, вистинито и професионално информирање на граѓаните треба да биде императив на сите чинители во медиумскиот и јавниот простор, додава Костадинов.

Соодветна истрага за овој инцидент ќе ги даде сите одговори, најавуваат од СДСМ.

– Останува фактот дека не успеа обидот на Мицкоскии Груевски преку насилничко сценарио да го дефокусираат вниманието на јавноста од фактот дека токму врвот на ВМРО-ДПМНЕ е главниот осомничен за организирање на насилствата на крвавиот 27 април. Граѓаните и институциите нема да дозволат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да создадат нови кризи, поделби и тензии. Секаков вид на насилство ќе биде санкционирано. Мицкоски нема да успее, ќе има одговорност за организаторите, нарачателите и извршителите на насилството од 27 април, дециден е портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Спонзорирано: