22.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото архива/илустрација
МАКЕДОНИЈА

Двајца пациенти од сообраќајката кај Ласкарци се во тешка состојба, другите закрепнуваат

Во Градската општа болница „8 Септември“ во моментов се наоѓаат 8 пациенти од повредените лица во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот Скопје – Тетово на 13 февруари, информираат од Министерството за здравство.

Од нив, еден пациент е во тешка состојба и се лекува на одделот за хируршка-интензивна нега, а останатите пациенти се во добра општа состојба.

„Што се однесува до состојбата на повредените кои се сместени во комплексот клиники, информираме дека на КАРИЛ во моментов се третираат тројца пациенти, од кои еден е во тешка состојба, додека другите двајца се стабилни“, се наведува во соопштението на министерството.

Во него се додава дека и на Универзитетската клиника за неврохирургија има една пациентка, која во моментов е во стабилна состојба.

Од надлежното министерство додаваат дека пациентот од трауматологија во текот на денешниот ден ќе биде пуштен на домашно лекување.

Спонзорирано: