14.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Триесет и шестгодишен прилепчанец бил уапсен на 20 февруари зашто кај него бил пронајден кокаин

Триесет и шестгодишен прилепчанец бил уапсен на 20 февруари зашто кај него бил пронајден кокаин. Како што информираат од МВР, на булеварот Александар Македонски во Прилеп при обид да биде сопрено возило, 36-годишниот прилепчанец кој управувал со него се дал во бегство и низ прозорецот почнал да фрла кокаин.

Потоа го сопрел возилото и продолжил да бега со трчање, при што прескокнувајќи ѕид се здобил со повреди.

Прилепчанецот бил уапсен од полицијата и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Спонзорирано: