6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Дојчиновска: Кољо можеби треба да одговара за друго дело, но не и за тероризам

Обвинетиот Никола Митревски е свесен дека има одговорност со самото влегување во Собранието.

Доколку имало напад врз Сашо Тасевски, член на обезбедувањето на министерот Оливер Спасовски, Митревски треба да одговара соодветно, но не за делото што му се става на товар – терористичко загрозување на уставниот поредок, рече адвокатката на Никола Митревски – Кољо, Маја Дојчиновска, на денешното рочиште на кое се изнесуваат завршните зборови за крвавиот четврток.

Дојчиновска во завршните зборови рече и дека од снимките што биле презентирани во судницата се гледа дека Кољо немал никакви организациски карактеристики, односно во ниту еден момент не ја насочувал толпата каде да се движи во Собранието.

Бранителката на Кољо, меѓу другото, даде осврт и на сведочењето на браќата Стефан и Михаил Младеноски велејќи дека во нивниот исказ селективно изнесувале факти за случајот и покрај тоа што недавањето реален и вистинит исказ пред судот претставува кривично дело.

„Од снимките видовме дека Митревски немал никави организациски карактеристики, не ја насочувал толпата во Собранието. Обвинетите Стефан и Михаил Младеноски против Митревски селективно изнесуваа факти немајќи одговорност пред судот иако тоа претставува кривично дело“, вели Дојчиновска.

Адвокатката, како што рече, во согласност со изнесените докази и Кривичниот законик, побара ослободителна пресуда за Никола Митревски – Кољо. За делото што им се става на товар на обвинетите за 27 април, терористичко загрозување на уставниот поредок, е предвидена затворска казна од 10 години.

(Makfax)

Спонзорирано: