11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Скопје и Атина ги информираа Обединетите нации дека договорот стапил во сила

До генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, вчера било доставено заедничкото писмо за датумот на влегување во сила на конечната спогодба, со што се става крај на спорот меѓу Македонија и Грција, велат од Министерството за надворешни работи.

Вербалните ноти до Секретаријатот на ОН, земјите членки, земјите набљудувачи на ОН, како и сите други меѓународни организации, чија членка е земјава, ќе бидат испратени во најкус можен рок, истакнуваат од МНР додавајќи дека овој процес е во тек.

Вчера, во сила стапи преспанскиот договор, со што земјата формално стана Република Северна Македонија.